Home Вебкафе Каде е крајот: Во реално шоу натпреварувачите погодуваат дали е бремена или дебела

Каде е крајот: Во реално шоу натпреварувачите погодуваат дали е бремена или дебела

Холандската ТВ емисија во која жена стои на сцената додека мажи погодуваат дали е бремена или дебела ги остави гледачите во шок и револт.

ТВ шоуто Neem je zwemspullen mee (Земете го својот костим за капење со себе) веднаш по прикажувањето на јавната национална телевизија предизвика лавина од гнев и негативни реакции од публиката.

Освен погодувањето дали жената е дебела или бремена, натпреварувачите ги пофаќаа и нејзините гради за да проценат дали се природни или силиконски.

Шоуто привлече само 300.000 гледачи што не е многу со оглед на неделниот вечерен термин во кој се прикажува. Сепак, за истото денес пишуваат и зборуваат милиони згрозени луѓе на социјалните мрежи.

Минатата година беше прикажана уште една бизарна емисија која си „играше“ со расните стереотипи. Азијат беше доведен на сцена и натпреварувачите требаше да погодуваат дали е Јапонец или Кинез.

За работата да биде уште побизарна, холандската ТВ куќа заслужна за ова шоу даде соопштение во кое ја брани својата емисија. „Со сатирично опкружување, ова е начин на смеење со сите видови на предрасуди“, изјавија тие. Единствен проблем е што никој не се смее на тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Родени сте во септември? Овие особини можеби ве откриваат повеќе отколку што мислите

Септември како да има своја посебна енергија, а луѓето родени во овој месец често се смета…