Home Актуелно Лицето осомничено за кражбата во НЛБ Тутунска банка уапсено во Кисела Вода

Лицето осомничено за кражбата во НЛБ Тутунска банка уапсено во Кисела Вода

Полицијата привела едно лице во врска со кражбата од трезорот на НЛБ Тутунска банка.

Според полициски информации синоќа околу 19 часот во полициската станица во Кисела Вода бил приведен вработениот Б.С. (40).

Вработениот во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје наводно украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.

Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…