Телевизија 24 пренесува: Мијалкови влегоа во бизнисот со нафта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семејството Мијалкови е дел од нафтениот бизнис во земјава. Тоа го потврдуваат и официјалните документи, но и состојбата на терен.

Според документацијата Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е сопственик на фирмата Бест Веј Инвестмент. Оваа фирма има неколку бензински и угостителски објекти во Скопје и Гевгелија.

Една од бензиските станици што ги поседува семејството Мијалкови е лоцирана на патот помеѓу населбите Пинтија и Драчево. Сопственоста ја потврдуваат и официјалните документи од Централниот регистар, но и фискалната сметка што ни беше издадена на бензиската станица.

Фирмата Бест Веј Инвесмент, лани заработила околу 250 илајди евра. И според официјалната документација што ја поседува Телевизија 24, имала само, еден вработен. Сега, Мијалкови бараат вработени за бензинските станици и угостителските објекти во Гегвегелија. Се нуди плата од 15 илјади денари. Наведено е дека огласот трае до утре. Од Телевизија 24 пренесуваат дека се јавиле на посочениот број, но оттаму им рекле дека нови вработувања  нема.

Но, освен бензинските станици, Мијалкови го прошируваат бизнисот. На почетокот на годинава купуваат друга фирма, која експресно добива и лиценца за Трговија на големо со нафта и нафтени деривати.

Фирмата Омо петол се наоѓа во селото Ржничино, во општима Петровец и која семејството Мијалкови  ја купува во јануари годинава, а само неколку месеци претходно од Регулаторната комисија за енергетика  е пкбара и издадена дозвола за трговија на големо со нафта и нафтени деривати.

Фирмата што ја купува семејството Мијалкови е основана лани во авуст. Тогашниот сопственик, само неколку дена по основањето, побарал лиценца за трговија на големо. Откако таквото барање било доставено до Регулаторната комсија за енрегитика, само еден ден подоцна информирале и дека во компанијата има промена на управителот.

По комлетирањето на документација, за две недели била издадена лиценцата. А само неколку месеци подоцна, семејството Мијалкови и официјално ја купува фирмата, која поседува лиценца за трговија на големо со нафта и нафтени деривати и складишта.

Нафтениот бизнис на Мијалкови го штити фирмата за обезбедување СГС.