Home Актуелно Осмо продолжение на собраниската конститутивна седница

Осмо продолжение на собраниската конститутивна седница

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците осми ден ќе дебатираат за предлогот за состав на Комисијата што е предуслов за избор на претседател на Парламентот.

Согласно договореното, ВМРО­ ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови во Комисијата, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и Бeса по еден член.

За членови од ВМРО ­ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од Беса.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…