Home Актуелно По средбата со Груевски, Ахмети на средба и со Зоран Заев

По средбата со Груевски, Ахмети на средба и со Зоран Заев

По Груевски, Али Ахмети ќе се сретне и со Зоран Заев, потврдува висок партиски функционер за 24 вести од ДУИ. Како што вчера од Мала Речица ја најавија можноста за 24 вести за средба, денеска велат Ахмети ќе се сретне со лидерот на СДСМ за да разговара за опциите што како можен излез од кризата се на маса во неговата партија.

Но не откриваат кога и каде ќе биде состанокот.

Опциите на Ахмети се коалиција со Груевски, коалиција со Заев, нови избори, широка коалиција. Високи партиски функционери од Централното претседателство велат дека Ахмети го опипува пулсот околу неговите услови.

Дел пак во двојните разговори на Ахмети гледаат тактика на лидерот на ДУИ во преговорите со Груевски, слично како кога Груевски во 2014-та кокетираше со Тачи, а преговараше со Ахмети. Од ВМРО ДПМНЕ не коментирата за најавите за средба, само велат дека Извршниот комитет на партијата ќе дискутира за вчерашаната средба меѓу Груевски и Ахмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…