Home Актуелно 70 товарни возила заглавени меѓу Грција и Македонија поради лошите временски услови

70 товарни возила заглавени меѓу Грција и Македонија поради лошите временски услови

Грчките полициски службеници не пропуштаат камиони на граница од македонска страна, поради лоши временски услови во Грција, па затоа на меѓуграничниот простор чекаат 70 товарни возила.

Министерството за внатрешни работи извести дека во среда остварен е контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин Богородиц со раководител на смена на граничен премин Евзони во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Затоа во меѓупросторот, за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…