Home Актуелно Италијанските медиуми тврдат: Терористот од Берлин убиен во Милано

Италијанските медиуми тврдат: Терористот од Берлин убиен во Милано

Анис Амри, осомничен за усмртувањето на 12 лица на божиќниот пазар во Берлин со камион, наводно е убиен во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Цитирајќи извори за сигурност на информацијата, Ројтерс пренесува дека 24-годишниот Амри синоќа бил убиен во престрелка во италијанската метропола. Во меѓувреме, данската полиција исто така пријави дека истражува наводи дека осомничениот е забележан во Данска.

Претходно, германските медиуми објавија дека 24годишниот Анис е снимен од страна на полицијата во градот набрзо после нападот на пазарот и истражните органи и натаму веруваат дека тој се крие во главниот град на Германија.

Индипендент, пак, пренесува дека осомничениот е виден во данскиот град Алборг. Останува да видиме која информација евентуално ќе се потврди како точна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…