Home Актуелно Управен суд денес треба да одлучи за сите тужби за изборите поднесени од партиите

Управен суд денес треба да одлучи за сите тужби за изборите поднесени од партиите

Управниот суд денеска треба да разгледа уште две тужби што ги поднесе коалицијата предводена од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија  за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Управниот суд вчера вечер одржа две седници на кои разгледуваше две други тужби поднесени од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за предвремените парламентарни избори.

Денеска Управниот суд треба да  ги разгледа преостанатите три тужби поднесени од политички партии за предвремените парламентарни избори.

Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски. Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…