Home Актуелно Студен вторник со ветровито време

Студен вторник со ветровито време

Во глобала, позначајните метео случувања за вторник, 13 декември, ќе се одвиваат во текот на раните утрински часови, кога ќе биде нешто пооблачно, па во повисоките делови од северниот регион ќе има услови за повремено провејување на снег.

Во секој случај, ништо сериозно. Наутро облачноста генерално ќе се намалува, но ќе започне еден краток временски период на ветровито време. Долж повардарието ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Минималната температура  ќе биде во границите од -4°С до 1°С.

Во однос на понеделник, температурата ќе бележи пад на максималната вредност и ќе биде помеѓу 2°С и 5°С низ поголем дел од котлините, а на југ околу 7°С.

Скопскиот регион очекува претежно облачно време  рано наутро. Попладне облачноста значително ќе се намали. Околу пладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 3°С.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…