Home Вебкафе Најневеројатниот грабеж: Пред очи им „крена“ 39 килограми злато

Најневеројатниот грабеж: Пред очи им „крена“ 39 килограми злато

Полицијата ја објави оваа снимка со надеж дека некој ќе го препознае крадецот, бидејќи грабежот се случи пред два месеци.

Машко лице изврши грабеж на алуминиумска кантичка полна со злато во вредност од 1,6 милиони долари од камион во центарот на Њујорк, среде бел ден. Кантичката тежеше дури 39 килограми, а украдена беше за време на доставата која една компанија ја извршуваше во 48-та улица, помеѓу 5-та и 6-та авенија.

Блиндираното возило било оставено без надзор, па мажот едноставно му пријде на возилото и опуштено си ја собра кантичката со злато пред носот на работниците од компанијата. На снимката објавена од полицијата се гледа како типот ладнокрвно си ја зеде кантата со злато, додека две од лицата кои беа дел од доставата разговараат пред камионот. Човекот одвај го однесе пленот од местото, тетеравејќи се од тежината на истиот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…