Дали сте некогаш имале прв сексуален однос со нов партнер и веднаш потоа тој (или уште полошо, вие) кажувате нешто што навистина не би требало? Нешто што, во рок од неколку секунди, брутално ги уништува сите шанси повторно да бидете интимни некогаш?
Да бидеме искрени, кога станува збор за телесно задоволство, сите сме виновни за „грубости“ кои можеби сме ги изговориле. Но, дури и најнезгодните, комуникативни типови треба инстинктивно да знаат дека постојат некои работи што не би требало да се кажуваат после секс. Никогаш.
Нема разлика дали го познавате вашиот сексуален партнер со години или само неколку минути, постојат непишани правила!
Првиот пат кога имате секс со нова личност, едноставно не е време да го отворите срцето или да се фалите со вашите освојувања или да изговарате навредливи мисли кои би можеле да ги имате после сексот.
И така, без понатамошно одложување, подолу ќе најдете 7 работи кои никогаш не треба да ги кажете после секс. Освен ако, секако, не сакате да ја исклучите можноста за повторен секс со истата личност.
1. „ТЕ САКАМ“
Само не тргнувајте по тој пат. НИКОГАШ! Тоа не е вистина и не размислувате јасно.
2. „ОВА МИ БЕШЕ ПРВ ПАТ“
Ако не се чувствувате доволно удобно да му кажете на вашиот партнер дека никогаш не сте имале секс ПРЕД самиот секс, веројатно не би требало да „се дружите“ со таа личност.
3. „НЕ ИЗГЛЕДАШ НИКАКО КАКО МОЈОТ БИВШ“
Скептиците тука можат да помислат: „Да, но тонот е важен.“ Секако начинот на кој се изразувате може да даде сосема различно значење на исти зборови, но дури и ако ги изговарате тие зборови на најискрен и најелегантен начин, да бидеме јасни: никој НИКОГАШ не сака да слушне ништо за вашите бивши, особено после секс. А камоли прв пат. Само држете ги мислите за себеси.
4. „БЕШЕШ НОМЕР X НА МОЈАТА ЛИСТА“
Никогаш не се фалете со бројот на партнери што сте ги имале.
5. „ТОА… ТОА БЕШЕ…“ (ПЛАЧЕЈЌИ)
Дури и ако вашите следни зборови се „совршено“, или „неверојатно“, или „најдобриот секс во мојот живот“, да се расплачете е како да го забивате последниот клин во ковчегот на вашиот сексуален однос.
6. „БЕШЕ МНОГУ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ШТО ОЧЕКУВАВ!“
Еве одличен начин да се натера човек покрај вас да се чувствува несоодветно, непривлечно, а можеби дури и малку недостојно. Ова е класичен пример за негирање. Овие видови „комплименти“ всушност се прикриени навреди. За примателите на овие зборови, тие делуваат како ментален шамар.
7. АБСОЛУТНО НИШТО
Се прашувате како можете да го направите сексот уште понепријатен отколку што често може да биде? Да видиме… Што ако не кажете ништо? Мртва тишина после секс. Апсолутно ништо. Пуштете го партнерот да паничи така што ќе запловите во таа страшна тишина додека тој се прашува на што, за Божје име, можете да размислувате.