600 евра за еден ручек за стекови од коњ и бизон – еве како се гоштевале фаците од УБК и БЈБ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Министерството за внатрешни работи на брифинг за новинари беа презентирани фактури и сметки од ручеци на УБК и на БЈБ. Од она што можеше да се види од направените фактури е дека челните луѓе на полицијата имале добар вкус за храна. Се јадело и пиело претежно во 4 елитни скопски ресторани: Интермецо, Театро, Воденица и Микеи, пренесува Макфакс.

Според информациите од МВР, од 2011 до 2016 година УБК за репрезантации потошило над 34 милиони денари, БЈБ речиси 29 милиони денари, а Администрацијата, под која спаѓа и кабинетот на министерот, потрошила 15,7 милиони денари. Најмногу се јадело и пиело на државна сметка во изборните години, односно во 2011 и 2014 година.

На фактурата од 12 април 2012 година, кога се случи петкратното убиство кај Смилковско Езеро, УБК се гоштевало во еден скопски ресторан. На менито имало секакви специјалитети – печурки на жар, тиквички, месо, пити. На фактурата се гледа дека тие потрошиле над 5.000 денари само за десерти. Потписот, како што неофицијално беше објавено е од шефот на тогашниот шеф на кабинет на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Раководни лица од МВР, јаделе и пиеле и на денот на смртта на новинарот Никола Младенов и на денот кога случуваа кумановските настани во „Диво Насеље“. Ноќта кога загина Младенов, направена е сметка од 30.000 денари за алкохол, кафиња и за вода.

На друга сметка се гледа дека вработени во МВР нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари. Јаделе и елен во сос од вргањ што чини  1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.

Цела сторија можете да ја прочитате овде.