57-годишна жена од Куманово е прва жртва на коронавирусот во Македонија – бројот на заразани се искачи на 119


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Куманово е евидентиран првиот смртен случај од коронавирус во Македонија. Станува збор за почината 57-годишна жена.

Пациентката која почина била хоспитализирана во болницата во Куманово. На неа и биле земени два бриса и тие се покажале негативни. Откако пациентка починала лекарите се посомневале на Ковид 19 и земале трет брис по смртта и тој се покажал позитивен. Заболен е и нејзиниот 33 годишен син кој во тешка состојба бил префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Првичните сознанија говорат дека жената патувала во Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека токму тоа што првите два резултати биле негативни е типично за оваа болест, пренесува Нова ТВ.

„Земени се два теста и резултатите биле негативни , жената била третирана во изолација, хоспитализирана во болницата во Куманово. По смртта е земен уште еден, трет брис кој е позитивен. Ова е нетипично за друга болест. Хоспитализиран е и нејзиниот син кој има 33 години и вчера дошло до влошување на состојбата, по што е префрлен на Инфективна клиника и состојбата сега е стабилна, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

И во Штип има нови случаи со Ковид 19, сите биле контактирани од епидемиолозите. Сите заболени се во врска со патување во странство и со сите е соодветно постапено. Просекот на возраст на заболените е 45 години, се хоспитализирани постарите, рече Филипче.

Во државата во последните 24 часа регистрирани се вкупно 29 нови случаи на коронавирус., со што бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114.

По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис.

Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите“, рече Филипче.

Од утре ќе започнат да функционираат 14 пунктови, ќе се тестираат по 120 луѓе со закажување и 50 со симптоми. После вчерашниот состанок со матичните лекари и тие се вклучени во системот и закажувањето ќе оди и преку нив.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени сите центри во државата, каде што ќе можат да се обратат граѓаните. Ќе работи и Кол центарот. Одлука за полициски час од 21 часот навечер од денеска се применува, но ќе има нови мерки за ризичните групи-старите лица и хроничните болни.

„Диктиравме како да се заштитат хроничните болни и да ги заштитиме граѓаните над 65 години. На нив треба да им биде ограничено движењето, треба да се движат по потреба во раните утрински часови. И за лицата кои го шират вирусот најмногу , тие до 18 години ќе има мерки, кои треба да се почитуваат. Никогаш како досега не ни била потребна помошта на нас 23 000 здравствени работници толку, како сега. Ако не ни помогнат граѓаните, ќе има уште поголемо зголемување на бројот , доколку се почитуваат мерките ќе постигнеме да ја се намали кривата на раст. Јас усм сигурен дека мерките ќе дадат резултат, но да се почитуваат. Сите мерки се издржани и однапред осмислени“, рече Филипче.