Home Актуелно 56 повредени во пожар кој избувна на руски авион во лет (видео)

56 повредени во пожар кој избувна на руски авион во лет (видео)

Педесет и шест повредени е епилогот од пожарот кој избувна за време на летот на рускиот патнички авион од марката Боинг 767, кој поради тоа беше итно приземјен во сибирскиот град Барнаул.

Боингот на московската авиокомпанија Азур ер бил принуден да го прекине редовниот лет од Виетнам за Барнаул откако избувнал пожар во задниот дел од авионот.

Една од патничките е префрлена во локалната болница поради повреди на половината и проблем со бубрезите.

Од болницата соопштија дека нема опасност по животот на пациентката. Поради инцидентот, сообраќајот на аеродромот беше отежнат неколку часа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

5 придобивки од кризата на средните години кај жените

Кризата на средните години не е толку застрашувачка како што е опишана. Научете ги преднос…