Home Актуелно 54 милијарди долари – толкав приход очекува Фајзер од вакцината и таблетите против Ковид-19

54 милијарди долари – толкав приход очекува Фајзер од вакцината и таблетите против Ковид-19

Фармацевтскиот гигант Фајзер соопшти дека очекува приход во висина од 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава.

Приходите од вакцината што ја изработија во соработка со германскиот БиоНТек треба да изнесуваат 32 милијарди долари, согласно сегашната прогноза.

Тие благо ја намалија прогнозата за овогодинешната приспособена добивка, од 6,35 до 6,55 – на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за аквизиции и клучните плаќања. Нивно вклучување во прогнозите од повеќе фармацевтски компании побарала Американската комисија за хартии од вредност.

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла ја истакна зголемената побарувачка за Паксловид во САД во изминатиот период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со вашето тело кога ќе започнете да консумирате хималајска сол

Што се случува со вашето тело кога ќе почнете да консумирате хималајска сол Розевата химал…