Home Живот и здравје 5 проверени начини за намалување на стресот

5 проверени начини за намалување на стресот

Применете ги веќе денес и кажете „збогум“ на анксиозноста.

Стресот не избира, може да се појави кај кој било во особено напнат период и да ја направи секојдневието исцрпувачко. Сепак, постојат ефикасни начини да го надминете и да ја вратите внатрешната рамнотежа.

Стручњаците советуваат овие 5 техники кои вреди да ги примените штом почувствувате дека стресот тропа на вашата врата.

1. ПРАКТИКУВАЈТЕ СВЕСНОСТ И МЕДИТАЦИЈА

Свесноста (mindfulness) и медитацијата се моќни методи за намалување на стресот и подобрување на менталното здравје. Тие помагаат да се фокусирате на сегашниот момент и да не размислувате премногу за иднината, со што автоматски се намалува анксиозноста. Исто така, свесноста подразбира и ослободување од чувството на вина поради постојаната тежња кон совршенство – запомнете, не мора да бидете најдобри во сè.

2. ПОСТАВЕТЕ ГРАНИЦИ

Ако работите кога всушност треба да одмарате или превземате повеќе обврски отколку што можете да поднесете, време е да поставите јасни граници. Кажете „не“ на задачите кои не можете да ги завршите без исцрпување и ставете се себеси на прво место. Само така ќе се грижите вистински за себе и ќе го намалите нивото на стрес.

3. НЕГУВАЈТЕ ЗДРАВИ ОДНОСИ

Здравите, нетоксични односи можат да го намалат чувството на осаменост и изолација, а воедно да ја подобрат среќата во периоди на зголемен стрес. Околу себе имајте луѓе кои ви даваат поддршка и со кои можете да ги споделите своите мисли и чувства – тоа ќе ви донесе емоционално олеснување и стабилност.

4. ВНИМАВАЈТЕ НА ИСХРАНАТА И ВЕЖБАЈТЕ

Грижата за себе е холистичка – таа подразбира баланс на умот, телото и духот. Редовната физичка активност, избалансираната исхрана и квалитетниот сон му помагаат на телото да ослободи ендорфини, додека истовремено се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот. Покрај вашата омилена skincare рутина, вклучете и некоја форма на движење во вашето секојдневие – било да е тоа трчање, возење велосипед, пилатес или јога – во комбинација со здрави оброци кои го хранат вашето тело и ум.

5. ПОБАРАЈТЕ СТРУЧНА ПОМОШ

Ако чувствувате дека стресот не се намалува, не двоумете се да побарате стручна поддршка. Професионалната помош може да ви обезбеди алатки и стратегии за ефикасно управување со стресот, како и безбеден простор за разбирање и справување со сопствените предизвици.

Како што има напишано писателката Одри Лорд: „Грижата за себе не е прекумерна привилегија – тоа е чин на самоодржување.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …