
1. Самодоверба
Во основа, ниту еден однос не може да се изгради и одржи без доверба. „Без разлика дали се свесни за тоа или не, довербата е клучна особина која луѓето ја бараат кај партнерот“, вели Мајкл Мекналти, главен ментор и лиценциран терапевт за односи од Чикашкиот центар за односи.
„Довербата во една врска не се сведува само на транспарентност. Таа подразбира вложеност во односот, чувство на посветеност еден кон друг. Тоа е чувство дека двајцата партнери се верни на себе додека си стојат еден на друг. Искрено зборуваат за она што го сакаат и што им е потребно, и се одлучни да ги решаваат своите разлики на фер начин за двајцата.“
2. Пријателство
Kвалитетната врска се одликува со овој елемент, бидејќи вклучува спонтаност, хумор, емпатија, поддршка, искреност и несебична љубов. Всушност, вистинското пријателство го гради и продлабочува романтичното чувство и емоционалната блискост во долготрајните љубовни врски.
3. Вистински интерес
Раjан Гослинг исто така изјави: „Ако има нешто што им се допаѓа на жените кај мене, тоа не се моите стомачни мускули, туку фактот што научив да ги слушам и да го ценам начинот на кој размислуваат и чувствуваат.“
Најпривлечно е кога партнерот – или обратно – поставува прашања и внимателно ги слуша одговорите. Така покажувате дека навистина сакате да го запознаете ближниот.
4. Oптимизам
Негативноста раѓа уште поголема негативност. Кога сте опкружени со луѓе кои постојано зрачат со негативна енергија, тоа влијае на вашето расположение и поглед кон животот. Токму затоа, повеќето луѓе сакаат позитивни личности околу себе – оние кои се фокусирани на доброто и кои умеат да ја видат позитивната страна во речиси секоја ситуација.
5. Самодоверба без ароганција
Високото самопочитување е привлечно, се додека не оди рака под рака со нарцисоидно однесување. Кога сте во врска, одредени карактеристики од вашата личност се идентификуваат со партнерот. Ако сте со некој кој има стабилна самодоверба, природно ќе се чувствувате добро и вие.