473 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Македонија, во последните 24 часа се регистрирани нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања.

Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.

Според податоците објавени од Министерството за здравство, најголем број нови случаи има во Скопје – 255 по што следуваат Битола со 31 нов случај, Куманово со 25, Прилеп 23, Кавадарци и Велес по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип по 12, Струмица и Гевгелија по 10, Гостивар и Струга по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево по 2 и еден нов случај има во Дебар.

Од починатите во изминатите 24 часа, по едно лице има од Прилеп, (89), Кочани (85), Штип (80), Охрид (71), Велес (85) и Кичево (71), додека според регистарот на починати лица со дијагноза Ковид -19 дополнително се пријавени седум починати лица на возраст од 58 до 84 години. По двајца починати има од Скопје и од Битола и по едно починато лице од Крива Паланка, Штип и Гевгелија.
Министерството за здравство регистрира и 775 оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во земјава направени се 1.886.706 тестирања. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани изнесува 296.703. Оздравени се 283.411, а починати 8.994. Бројот на активни случаи изнесува 4.298.