40 проценти од целокупната годишна продажба на црвената нафта се продава во законски забранет рок


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако во периодот од 15 април до 15 октомври, кога не е грејна сезона, законски е забранета употребата на екстралесното гориво, во земјава се продаваат 20 милиони литри или 40 проценти од целата годишна продажба на ова гориво – покажуваат анализите кои за јавноста ги објавува „Телма“.

Со ова буџетот губи 240 милиони денари, само од нелегалната продажба на црвената нафта во тие шест месеци кога таа е забранета да се „точи“ и да се злоупотребува како замена за дизел гориво. Министерката за финансии Ангеловска, вчера не излезе да ги презентира аргументите зошто Владата не одлучи да се изедначи акцизата на екстралесното со таа на дизелот. единствен аргумент на владиниот портпарол вчера беше токму тоа што заврши грејната сезона со што е забранета употребата на ова гориво,.

„Се земени предвид сите совети сите анализи кои се направени од експерти од вработени во министерство за финансии од Владата и сите други засегнати страни. Но да додадам другиот дел на прашањето дека екстралесното гориво е неменето само за лимитирана употребатоа е законски забрането за продажбаод 15 април така што ефектот би бил скоро никаков “- рече Мухамед Хоџа, портпарол на Влада.

А дека државата нема контрола на злоупотребите со црвената нафта, потврди и Пазарниот инспекторат, пренесува Телма. Мобилната лабараторија со која одамна пазарните инспектори требаше да ги откриваат злоупотребувачите, се уште не е во нивни раце, туку ја делат со Бирото за метеорологија.

„Неколкуте контроли што ги направивме покажаа дека не можат да се вршат такви контроли, бидејќи исклучиво надзорот, записникот комплетно ДПИ го прави и нормално ако таа лабараторија беше кај ДПИ до сега ќе имаше направено многу контроли на горивата. Пазарен инспекторат треба на лице место да фати кога некој го злоупотребува екстралесното гориво. Во спротивен случај на снимени и кажани работи не можеме да постапуваме. Од 15 октомври до 15 април еве сега го немаме контролирано. Само кога е забраната за продажба на екстралесното гориво – рече Пауновски.