Актуелно

40 актери во конкуренција за наградата ,,Ристо Шишков‘‘

Претставата „Убавицата и принцот“ на драмскиот куклен театар од Враца Бугарија го означи стартот на 27– то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков.

За време на петте фестивалски денови ќе бидат одиграни девет претстави од Македонија, Хрватска и Бугарија. Лауреатот од минатата година кој годинава е претседател на жири комисијата , Благој Чоревски вели дека одлуката за наградата ќе биде тешка, а ќе ја добие оној кој со неговата игра ќе биде најблиску до големината на Шишков.

„Има прекрасни актери и до Бугарија и од Хрватска и од Македонија од кај нас. Секако дека најдобриот ќе ја заслужи нагрдата. Мора да биде некаде блиску до Шишков. Јас се надевам дека минатата година бев блиску до неговиот талент, до неговата моќ актерска, се надевам дека и оваа година има. Не се сомневам, сигурно дека има, но тоа е битно, значи да ги достигнеме врвовите, висините негови“, вели Благоја Чоревски, претседател на жири Комисијата

За единствената награда за високо актерско остварување кое го носи името на патронот на фестивалот Ристо Шишков оваа година во конкуренција влегуваат околу 40 актери. Најдобриот по традиција добива златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1500 евра.

Advertisements
To Top