Home Живот и здравје 4 знаци на социјална анксиозност што личат на срамежливост, но не се исто

4 знаци на социјална анксиозност што личат на срамежливост, но не се исто

4 знаци на социјална анксиозност кои наликуваат на срамежливост (но не се исти)

Некои луѓе уживаат во дружење и запознавање нови лица, додека други повеќе сакаат да останат настрана бидејќи се чувствуваат непријатно во социјални ситуации.

Но – каде завршува срамежливоста и каде почнува социјалната анксиозност? На прв поглед се чинат слични. Сепак, социјалната анксиозност е многу повеќе од “срамежливост” – тоа е сериозен облик на анксиозно нарушување што може значително да влијае врз квалитетот на живот.

Ако често се препознаваш во следниве ситуации, можно е да не се работи само за интровертност или затвореност:

1. САКАШ ДА СЕ ВКЛУЧИШ, НО СТРАВОТ ТЕ ПАРАЛИЗИРА

Луѓето со социјална анксиозност сакаат поврзување и контакт – но ги блокира мислата дека ќе бидат одбиени или исмеани. Можеби посакуваш да им се придружиш на луѓето што се смеат и разговараат, но остануваш настрана затоа што стравуваш од осуда. Дури и едноставна порака од типот „Сакаш да одиме на кафе?“ може да предизвика непријатност и страв дека ќе изгледаш нападно или чудно.

2. ИЗГЛЕДАШ ДРУШТВЕНО, НО ВО СЕБЕСИ СЕ ЧУВСТВУВАШ САМ

Социјалната анксиозност не секогаш се гледа однадвор. Можеш да изгледаш опуштено и да се вклучуваш во разговори, но во себе да се чувствуваш како да не припаѓаш никаде. Некои луѓе умеат да се насмевнуваат и да шегуваат, а потоа со часови да размислуваат на секоја изговорена реченица и се грижат дали оставиле „погрешен впечаток“.

3. ТЕЛОТО РЕАГИРА ПРЕД УМОТ

Пред умот да успее да те смири, телото веќе испраќа сигнали: забрзано чукање на срцето, потење, проблеми со стомакот, па дури и ненадејна мачнина пред некој социјален или деловен настан. Мисли како „Дали ми се смеат?“ или „Сигурно ќе испаднам глупава“ се тригери што предизвикуваат телесни реакции, кои уште повеќе ја засилуваат анксиозноста.

4. ОПСЕСИВНО ГИ ПРЕИСПИТУВАШ СИТЕ РАЗГОВОРИ

Една од главните карактеристики на социјалната анксиозност е постојаното чувство дека те проценуваат. Дури и кога дружбата поминала убаво, останува внатрешниот глас што повторува: „Зошто го реков тоа? Сигурно бев здодевна. Сите сега зборуваат за мене.“ Тоа непрестајно анализирање на секој детал е заморно и не ти дозволува да уживаш во нормални човечки интеракции.

Важно е да се знае: Социјалната анксиозност не е исто што и срамежливост. Додека срамежливоста понекогаш претставува само блага повлеченост, социјалната анксиозност може сериозно да го отежне секојдневието – од работа, училиште, до пријателства и врски. Ако се препознаваш во ова, знај дека има помош – од психотерапија до техники за самопомош, кои можат значително да ги ублажат симптомите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…