Кои се тие грешки и постојат ли подобри решенија?
Веќе сте го испланирале вашиот летен одмор и со нетрпение очекувате прошетки покрај плажа додека сонцето заоѓа или капење во тиркизни и бистри води.
Со внимателно пакување на куферот, важно е да имате на ум дека летната рутина за нега и убавина мора да претрпи одредени промени во тек на одморот, особено поради високите температури. Но бидејќи тоа не секогаш ни паѓа на ум, честопати правиме мали, но значајни грешки кога станува збор за убавината… Љубопитни сте да дознаете кои се тие?
1. Претерувате со шминка / пудра / маскара
Разбирливо е дека е тешко целосно да се откажеме од шминката, дури и кога одиме на плажа. Но, тежок пудер, бронзер или руменило и сенки за очи во комбинација со жештина, потење и високи температури, може да ги затнат порите и да предизвикаат појава на акни. Покрај тоа, топлината ќе придонесе шминката да „се растопи“, па колку и да нанесе фиксатор, резултатот нема да биде задоволителен. Истото важи и за маскарата: уште при првиот допир со морска или базенска вода, таа лесно се размачкува и не изгледа убаво.
Алтернатива: Преферирајте водоотпорна шминка и маскара. А уште подобро – целосно избегнувајте шминка за да ѝ овозможите на кожата вистински одмор.
2. Прескокнувате крема за сончање / Не ја нанесувате навреме / Ги заборавате малите делови од телото
Ова е една од најчестите и најголеми грешки, бидејќи не само што ја зголемувате веројатноста за сериозни изгореници, туку и го забрзувате (предвременото) стареење на кожата, при што појавата на дамки, пеги и фини линии е речиси загарантирана. Дополнително, многумина забораваат да нанесат крема на делови кои делуваат „сокриени“ од сонцето. Но, сончевото зрачење делува од сите агли – што значи дека изгореници може да се појават насекаде.
Што да направите: Нанесете крема за сончање и редовно ја обновувајте, вклучувајќи ги следниве делови: врат и пределот околу него, уши, стапала и дланки, усни и коса.
3. Не користите млеко/гел после сончање
Дали користите производи после сончање само кога ќе изгорите или се појави црвенило? Тоа е типична грешка која сите сме ја направиле барем еднаш. Често мислиме дека таквите креми се само за „негување на изгореници“, а всушност нивната главна улога е да ја смири, хидрира и нахрани кожата по изложување на УВ-зраци. Дури и кога кожата изгледа само исончана, сонцето предизвикува оштетувања кои не секогаш се видливи на прв поглед.
Зошто да ги користите: Хидратантните формули после сончање се корисни за лицето и телото и значително помагаат да се обнови кожата по сончање.
4. Бријање или депилација во последен момент
Сигурно сте забележале дека чувствувате чешање и непријатност при влегување во море откако сте се избричиле истиот ден. Ова се случува затоа што бричот отстранува мртви клетки, но и дел од заштитниот хидролипиден слој на кожата. Како резултат, може да се појават иритации и ситни повреди, кои при контакт со солената вода предизвикуваат печење.
Алтернатива: Обавезно избричете се или направете депилација најмалку два дена пред да одите на плажа. За подолгорочно решение, размислете за трајни методи на отстранување на влакна како ласер или восок, почнувајќи уште од есен.