39 романи во игра за наградата „Роман на годината“ за 2022 на фондацијата „Славко Јаневски“

39 романи оваа година се пријавиле за наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ова го констатираше жири комисијата во состав: Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Во продолжение погледнете ги сите 39 романи кои ќе се натпреваруваат за оваа награда:

„Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“
„Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“
„Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“
„Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“
„Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“
„Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“
„Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“
8. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
„Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“
„Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
„Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
„Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески
„Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
„Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
„Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“
„Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“
„Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
„Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“
„Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
„Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева
„Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
„Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“
„Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
„Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
„Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
„Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“
„Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
„Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“
„Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
„Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
„Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
„Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
„Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
„Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“
„Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
„Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
„Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
„Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“