Home Вебкафе 30 години гаражирано Југо од 9.000 долари

30 години гаражирано Југо од 9.000 долари

На огласникот „Креиглист“ беше објавен оглас за продажба на автомобил Југо кој стана вистински хит како во американските медиуми, така и пошироко.

Југото било чувано во гаража во Мериленд од 1988 година и со него се поминати само околу 700 километри. Продавачот за медиумите изјави дека кратко време го возел татко му, кој го купил зашто му изгледал ,,единствен и некако убав”.

Сопственикот за ова Југо бара 9.000 долари , а во понудата е вклучен уште едно Југо за резервни делови – што, мора да признаете, звучи како приказна од виц за Југо, кое Американците го прогласија за најлош автомобил на столетието .

Огласот кој беше објавен пред неколку дена веќе не е активен, па не е познато дали Југото е продадено или пак сопственикот се предомислил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Таинствената вила на Лагерфелд продадена за 4,7 милиони евра – а поминал само една ноќ во неа

Не, не е сцена од филм, ова навистина се случило: легендарната вила на Карл Лагерфелд, „Па…