Вебкафе

24 часа во фамозната и мистериозна „Област 51“ – видео од над 15 милиони прегледи

Славниот „YouTube“ шоумен Џими Доналдсон, во светот на „јутјуберите“ познат како„ MrBeast“, со снимката од неговиот обид да помине 24 часа во фамозната „Област 51“ („Area 51“), направи вистински бум на неговиот YouTube канал.

Веројатно на сите им е јасно што е „Област 51“ – тајна американска база за која јавно CIA проговори дури во 2013. година, откако почна премногу да се шпекулира во јавноста за нејзиното постоење.

„MrBeast“ кој на „YouTube“ има повеќе од 22 милиони претплатници и е познат по своите екстремни предизвици и снимки, неговиот последен предизвик беше да проба да помине 24 часа во „Област 51“.

Тој и неговите пријатели почнаа да ја истражуваат зоната, откако стигнаа сфатија дека некој ги надгледува „ ние се обидуваме да поминеме 24 часа во „Област 51“ а снајперист од камионот не надгледува“, се говори во видеото.

Но тие не се откажале и продолжиле со предизвикот, отишле до самата стражарска капија и тамо наишле и на други посетители на зоната. Во текот на престојот тие слушале прелетувања од авиони но не видоа ниту едно НЛО.

После успешното кампирање групата се качила на едно брдо во близината на зоната и оттаму со телескоп го набљудувале теренот.

„MrBeast“ на шега почнал да организира план за предложениот напад на „Област 51“, означувајќи ги локациите од кои секоја група на луѓе би се движела.

Снимката која моментално е во „топ 10“ видеоснимки на трендинг листата на „YouTube“, досега има над 15 милиони прегледи.

To Top