Home Вебкафе 21 годишна девојка живее во камп приколка и плаќа само паркинг!

21 годишна девојка живее во камп приколка и плаќа само паркинг!

21 годишната Алексис Доблер тврди дека нашла совршено решение за прескапиот и преценетиот смештај во Сиднеј. Таа веќе 18 месеци живее во камп приколка во предградието Њутаун.

Во текот на викендот, на Фејсбук објави оглас во кој наведува дека е спремна да издвојува 200 долари неделно за паркинг место. Ако земеме во предвид дека просечната станарина во овој град се движи околу 800 долари неделно, идејата на Алексис не е толку луда“.

„Ме интересира колку луѓе се спремни да прифатат камп приколка на својот имот и по која цена. Уживам да им помагам на студентите и другите млади Австралијци да излезат на крај со екстремно високите цени, а притоа да не трпи квалитетот на нивниот живот“ раскажува Алексис.

„Барам убаво место, но сум спремна да платам зависно од квалитетот и локацијата на смештајот. Мојата приколка изгледа убаво, па така нема да им го грдам имотот. Во слободно време сакам да читам. На овој начин живеам скоро една и пол година и мислам дека тоа е одлично за да постигнам рамнотежа помеѓу парите и локацијата“ стои во нејзиниот оглас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…