„До 2050 година луѓето ќе станат бесмртни, но нема на сите да им се допадне!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа недела, битански футуролог вели дека човештвото до 2050 година ќе се постигне бесмртност и тоа на три начини.

Според поранешниот физичар и ИТ експерт кој тврди дека 85% од неговите прогнози се точни кога ги предвидува следните 10-15 години. Неодамнешните достигнувања во биомедицината и напредокот на технологијата неизбежно водат до бесмртност.

Регенеративна терапија

Јан Парсон вели дека човеството би можело да се усоврши во полето на генетско инженерство, кое го пречува стареењето.

Тој додава дека и со 3Д печатачите и таа технологија, ќе може да се произведуваат и органи. „Никој не сака да живее вечно како 95 годишник, но ако го подмладите телото до 30 та година, тогаш би можело и да се посакува“, вели Парсон.

Андроидни тела

Парсон сепак мисли дека најголема е веројатноста до бесмртност да се дојде преку умот. Предуслов за тоа е комуникација помеѓу мозокот и машините. Тој смета дека може да се постигне толку напредно ниво со што ќе може да се контролираат машините преку умот, и дека ние ќе седиме во капсули преку кои ќе контролираме сѐ.

Префрлање во матрица

За крај Парсон вели дека би можело човештвото да се откажи од физичко постоење и да живее во симулација т.е во симулиран свет. И покрај тоа што е свесен дека неговите предвидувања делуваат застрашувачки, тој во обзир ги зел денешните напредоци во поглед на технологијата.