19 ученици загинаа во пукање во основно училиште во Тексас – полицијата го застрела напаѓачот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


20 жртви, од кои 19 ученици и еден наставник, е црниот биланс од пукањето во основно училиште во Тексас, изјави гувернерот Грег Абот.

Напаѓачот убил 19 ученици и еден наставник во основното училиште Роб во Увалде, гратче во југозападниот дел на Тексас.

Гувернерот рече дека осомничениот во нападот е 18-годишниот Салвадор Рамос, кој и самиот учел во училиштето. Во нападот бил вооружен со пиштол и најверојатно со пушка. Објавена е и фотографија од него.

„Напаѓачот се викал Салвадор Рома и живеел во Увалдо. Се претпоставува дека излегол од возило и влегол во училиштето со пиштол и пушка, но сѐ уште не е потврдено какво оружје носел. Убил 19 ученици и наставник. Напаѓачот е мртов, убиен е од полицијата“, изјави гувернерот.

Од јавноста е побарано да се држи настрана додека полицијата го истражува местото на злосторството.

Гувернерот Абот рече дека осомничениот е мртов и се верува дека е убиен од полицајците.

„Се верува дека двајца полицајци што реагирале биле погодени од куршуми, но немаат сериозни повреди.“

Учениците се евакуирани од училиштето. Локалните болници открија дека службите за брза помош лекуваат ученици од училиштето.

Шеесет и шестгодишна жена е на лекување во болница во Сан Антонио и е во критична состојба, соопштија претходно болничките власти.

Болницата Увалде објави на Фејсбук дека 13 деца биле пренесени во болница „со амбулантни возила или автобуси“.

Две лица биле мртви кога пристигнале во болница, се вели во објавата на Фејсбук.

ФБИ помага во истрагата.