Home Актуелно 17 лица загинаа во стравичен верижен судир на возила во Кина (видео)

17 лица загинаа во стравичен верижен судир на возила во Кина (видео)

Седумнаесет лица загинаа во верижен судир на автопат на северот на Кина, јави денес новинската агенција Синхуа, истакнувајќи дека несреќата е предизвикана од зимските услови кои го зафатиле тој дел од земјата.

Верижниот судир во кој учествувале 56 возила се случил синоќа во кинеската провинција Шанчијуго западно од Пекинг „поради врнежите на дожд и снег“, јавува државната кинеска агенција а пренесува Си-ен-ен. Во несреќата биле повредени 37 лица.

Снимките кои ги објави кинеската агенција покажуваат десетина камиони натрупани еден врз друг додека кранови се обидуваат да ги раздвојат возилата.

Студен бран го зафати викендов северот на Кина со температури под нулата во Пекинг, а од среда се најавува пад на температурите до -9 степени Целзиусови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…