139 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа – 25 од нив се реинфекции


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните 24 часа, во Македонија, од направени 1.424 теста, регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19. Од новозаразените, регистрирани се 25 реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.

Новозаразените по градови: Скопје – 58, Битола – 34, Прилеп – 6, Струмица – 5, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по 4, Тетово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), починато во домашни услови. Лицето е починато на ден 01.05.2022 година.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – 5, Штип – 4, Кавадарци – 3, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по 2, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2 026 507 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310 063, бројот на оздравени пациенти е 300 107, на починати е 9 284, а бројот на активни случаи изнесува 672.