
Годината 2025 носи големо враќање на синџирестите каиши, кои ја одбележаа ерата на 90-тите и сега се враќаат како тренд што вреди да се испроба.
Овој впечатлив моден додаток внесува доза на гламур и модерен edgy стил, нагласувајќи го струкот на софистициран и ефектен начин.
Како да ги носите?
Синџирестите каиши совршено се вклопуваат во секој стил. Може да ги комбинирате на следниве начини:
- Преку едноставен фустан за суптилен, но луксузен изглед.
- Со класични фармерки и basic топ за cool street-style ефект.
- Преку oversized блејзер или крзнена јакна, создавајќи контраст помеѓу структурата и женственоста.
Од суптилни до statement парчиња
Дизајнерите оваа сезона експериментираат со различни материјали, од елегантни тенки синџири до масивни, смели карики и токи со бохо вибрација. Овој додаток можете да го носите од утро до вечер, прилагодувајќи го на секоја пригода.
Ако ви ја разбудивме имагинацијата, погледнете 12 синџирести каиши што ги издвоивме за максимално впечатлив ефект!