Home Шоубизнис Ѕвездата на Ливерпул е херој во борбата протов корона: Не сакал ова да се знае!

Ѕвездата на Ливерпул е херој во борбата протов корона: Не сакал ова да се знае!

Најдобриот лев бек во Премиер лигата е херој во борбата со коронавирусот во Британија. Не сакал тоа да се знае, но бројни медиуми на Островот го објавија тоа.

Ендру Робертсон, играч на Ливерпул и капитен на шкотската репрезентација, е „мистериозниот донатор“ кој со своите тајни донации во Британија издржува дури шест „банки на храна“.

Така на Островот ги викаат соицијалните кујни за бездомници, а овие „банки со храна“ се многу поважни во време на пандемија со коронавирусот.

Робертсон во време на пандемијата финансира шест банки на храна вп родниот Глазгов, објавува „Тајм“, кој пренесува дека ова е само еден дел од неговата хуманитарна работа. Робертсон со многу донации се обидува да им го олесни и спаси животот на многу луѓе и не сака да се знае за тоа.

Робертсон помага веќе три години, а минатата недела со донација го олеснил функционирањето на клиника за ментално заболени луѓе.

Робертсон неделно заработува 60.000 фунти и на најплемент начин го троши своето богатство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …