Зошто жените се „ПАЛАТ“ на ЛОШИТЕ МОМЦИ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најпрво се поставува прашањето кое е тоа лошо момче. Лошо момче е она кое плени со својата харизма, има свој став, свесен е за својата привлечност и затоа е дрзок, арогантен и безобразен. Ние, жените, паѓаме токму на такви момци. Колку е тој побезобразен, се повеќе ни се допаѓа.

Ние сакаме момци полни со самодоверба, а тие се за жал, лоши по нас. Тие се вистински предизвик, а сите сакаме возбудувања. Добро момче не ни е интересно. Со него нека такви турбуленции, драма и страдање како со лошото момче. А ние жените, сме кралици на драмата.

Лошите момци не умеат да бидат верни и посветени. Во суштина се емоционално недостапни, а ние веруваме дека имаме чудесна моќ да ги промениме. Сакаме да им бидеме мајка и татко, и љубовница и психолог. Никако да сфатиме дека ним не им е потребна нашата помош и дека тие не сакаат да се менуваат. Никој не можеме да смениме против неговата волја. Треба да го сфатиме тоа еднаш. Да престанеме со мазохизмот.

Она што нас на прва топка не привлекува кај лошите момци, подоцна не одбива. Пред или подоцна се соочуваме со не толку фантастичната вистина дека ова момче нема да се промени. Тој на почетокот делува секси, шармантно, возбудливо, но сега сфаќаме дека тој нема некои посебни квалитети и дека таков ќе остане. Се случува тогаш и да се разделиме.

Проблемот е што тешко учиме на грешките и повторно наоѓаме лошо момче и потоа се се врти во круг. Се е и натаму исто, приказната исто се завршува. Ниедно лошо момче не успеваме да претвориме во добро. Па до кога веќе со тоа? Зошто да менуваме некого. Се заљубуваме во некој кој е добар онаков како што е. Треба да го погледнеме, доброто и културно момче кое со години е лудо по нас. Што ќе ни недостига? Зар не сакаме да бидеме среќни? Среќата не чека само со добрите момци.