Home Живот и здравје Зошто секому му треба „Сув Јануари“

Зошто секому му треба „Сув Јануари“

Зошто Dry January е добар за секого

Првите денови по Нова година се совршено време да се следи една пракса што потекнува од Велика Британија, а полека се шири и кај нас – Dry January, или месец без алкохол.

Оваа навика веќе е годишна традиција за многумина, како дел од новогодишната одлука за поздрав живот. Некои ја користат за да го намалат внесот на алкохол, додека други сакаат да се „исчистат“ по празничното претерано пиење.

Што ќе ви донесе Dry January?

1. Побрз раст на мускулна маса

За мускулите да се развиваат и да го заменат масното ткиво после тренинг, им е неопходна енергија. Дури и мали количини алкохол пред или после вежбање ја попречуваат оваа функција – црниот дроб, кој е задолжен за прочистување на телото, е преокупиран со разградување на алкохолот и не може да обезбеди доволно јаглехидрати и протеини.

2. Нормализиран крвен притисок

По непиење алкохол 2 до 3 недели, се стабилизираат крвните садови, што резултира со природен баланс и пониски вредности на крвниот притисок.

3. Подобра функција на црниот дроб

Црниот дроб започнува со закрепнување уште по неколку недели без алкохол. Тоа значи подобро општо здравје, повеќе енергија и помалку чувство на замор.

4. Видливо намалување на телесната тежина

Алкохолот ги зголемува калориите кои се внесуваат дневно и ја стимулира гладта. На пример, една чаша вино содржи околу 135 калории, а еден коктел како Космополитен има и до 330 калории.

5. Зајакнат имунитет

Алкохолната интоксикација го ослабнува имунолошкиот систем и може да предизвика воспаленија. Само една ноќ на претерано пиење го намалува капацитетот на телото да се бори против инфекции во наредните 24 часа. Во зима, кога сезонски болести се во подем, ослабнат имунитет е последно нешто што ви треба.

6. Повеќе ентузијазам и енергија

Без алкохол, телото почнува процеси на опоравување. Ќе почувствувате наплив на енергија, зголемена мотивација и подобро расположение.

7. Почиста и поубава кожа

Алкохолот предизвикува дехидрација – кожата изгледа бледо, уморно и со сив тон. Освен тоа, шеќерот од коктелите може да предизвика воспаленија и акни. Дехидрацијата придонесува и за подуеност и темни кругови под очите.

8. Подобар сон

Иако алкохолот понекогаш ве успива побрзо, го нарушува длабокиот сон. Затоа следниот ден се чувствувате уморно. Без алкохол, сонот е подлабок, поквалитетен и телото се регенерира подобро.

Dry January е едноставен, но моќен начин за нов почеток – вовед во поздрав живот, повеќе енергија и јасен ум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали на вашиот пес му се потребни чизми во зима?

Наједноставно кажано – на кучето му треба обувки доколку површината по која ќе шета може д…