Home Љубов и секс Зошто мозокот полесно го pamти бившиот отколку ПИН-кодот?

Зошто мозокот полесно го pamти бившиот отколку ПИН-кодот?

Сите сме го чуле она „љубовта е слепа“, „љубовта боли“, „љубовта те прави глуп“… Ајде чудо — науката вели сосема спротивното! Испаѓа дека љубовта всушност не прави попаметни.

Да, добро прочитавте — не само што ќе заборавите да јадете кога ќе се заљубите, туку ќе памтите како слон. Или барем како студент кој конечно испил кафе и решил сериозно да учи.

Поентата е во допаминот — токму тој супер-херој меѓу хормоните што ви дава налет на среќа кога ќе ви стигне порака од симпатијата. Токму тој допамин му помага на мозокот да зачува информации. И тоа не каде ви се клучевите, туку оние вистинските, емоционални нешта — првиот бакнеж, парфемот што го носеше, бојата на неговиот џемпер, песната што ја пуштавте додека лутате без цел низ градот.

ЗАЉУБЕН МОЗОК = УЛТРА HD ПАМЕТЕЊЕ

Замислете, научниците им давале допамин на постари луѓе (да, преку лекарства, уште сме далеку од љубовни шприцови), и тие памтеле подобро од TikTok инфлуенсер кога ќе му спомнеш платена реклама. Сè што ќе се случи додека сме заљубени, мозокот го складира како нешто најскапоцено. Затоа и ви се случува, кога ќе ја чуете некоја песна од средно, да го видите неговиот насмев, неговиот шал, автобусот што сте го утнале и да ве удри таа мала, слатко-горчлива магла на сеќавања.

РОМАНТИЧЕН FBI ВО ТВОЈАТА ГЛАВА

И додека не можете да се сетите каде сте го оставиле далечинското, точно знаете кои чорапи ги носеше поранешниот кога имал лош ден. Зошто? Затоа што штом ќе се заљубите, мозокот се претвора во опсесивен истражувач. Без ни да му кажете. Научниците и тоа го докажале — луѓето во врска подобро паметат детали за партнерот отколку за најдобриот пријател. Жестоко, но вистинито.

А уште ако сте тинејџер — е тогаш сте во ментален Дизниленд. Тогаш сè се памети сто пати посилно: ќе чуеш нечиј парфем и БАМ — како да си се преселил на клупата во училница веднаш до таа личност. Ах, носталгија, таа лукава вештерка.

ЉУБОВ, ДА — НО БЕЗ ФИЛТЕРИ

И сега, додека сите се обидуваат да ја продадат „љубовта“ преку селфиња на зајдисонце и пренагласени стории со цитати од Tumblr, можеби е време да се потсетиме дека вистинската љубов не се крие зад Instagram филтри, туку зад неврохемискиот ролеркостер во нашата глава.

Затоа следниот пат кога ќе ви затрепери срцето — знајте дека не удира само срцето, туку и мозокот работи со полна пареа. Love is in the air? Не баш. Love is in the brain.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 особини што го прават партнерот привлечен

1. Самодоверба Во основа, ниту еден однос не може да се изгради и одржи без доверба. „Без …