Зошто кратката женска фризура жените ги прави попривлечни?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На некои жени кратката фризура едноставно им лежи и на изгледот и на имиџот, а таквите примери ги има и меѓу голем број познати дами од светот на шоубизнисот. Но, зошто е тоа така? Еве неколку причини околу тоа зошто жените со кратка коса им се привлечни на мажите.

Пред сѐ, на улица ретко се гледа жена со куса коса, па затоа и така лесно „паѓаат во очи”. Токму поради тоа, луѓето често ја истакнуваат „единственоста” на жена со ваква фризура.

Покрај тоа, жената делува посамоуверена. Експериментирањето не е лесно за секого, па не жената не секогаш одлучува да ја скрати косата што така долго ја негувала. Мажите ја препознаваат таа храброст и самоувереност, па тоа ги привлекува.

Натаму, косата не ѝ паѓа преку лицето… На некои луѓе им пречи кога, во миговите на нежност, косата ќе го прекрие нејзиното лице. Освен тоа, тука е и практичноста – нема долги влакна по перниците, чаршавите, теписите и по целиот дом.

Вратот и рамењата секогаш јасно се гледаат. Овој дел на женското тело важи за еден од најпривлечните, а кратката коса сосема го открива.