Home Љубов и секс Зошто Французинките важат за најдобри љубовници? Париски сексолог ја открива тајната на вистинското женско уживање

Зошто Французинките важат за најдобри љубовници? Париски сексолог ја открива тајната на вистинското женско уживање

Заборавете сè што сте мислеле дека знаете за сексот, желбата и задоволството.

Зошто? Затоа што Французинките одамна ги поместиле границите. Не поради митови за парискиот шарм, туку благодарение на длабоко вкоренетата култура во која сексот е природен како доброто сирење или виното. А можеби и поважен од нив.

Според зборовите на парискиот сексолог Мари Морис, која со години работи во Велика Британија, тајната се крие токму во францускиот пристап кон сексот — како уметност на живеење, а не како обврска, табу тема или нешто што се прави „само за да се задоволи другиот“.

Во интервју, Морис открива дека жени од различни делови на Европа, дури и по неколку децении во брак, никогаш навистина не доживеале оргазам – бидејќи ги кочела срамотноста, молкот и стравот да не бидат сфатени како „пребарани“. А во Франција? Таму владее сосема поинаква филозофија.

Во Франција се зборува за секс – без срам и шепотење

За Французинките, сексот не е само чин – тоа е начин на живеење. Тие отворено зборуваат за своите желби, граници и самозадоволување. Во работилницата „Атлеје на задоволството“ што ја води Морис, жени од сите генерации слободно ги споделуваат своите фантазии – без стигма и предрасуди.

„За нас, сексот е како десертот по вечера – не се прескокнува. Задоволството не се оправдува. Се живее,“ вели Морис.

Французите слушаат, разговараат и ја почитуваат женската желба

И не станува збор само за жените. Француските мажи, истакнува Морис, не ја доживуваат женската желба како закана. Напротив – ја прифаќаат. Не нагаѓаат што сака нивната партнерка – прашуваат. Водат дијалог. Разбираат дека задоволството и сензуалноста се заемни и не очекуваат сè да дојде тивко, само од себе, без збор.

Сексуалноста не познава години (ниту крај)

Французинките се кралици на самодовербата и во зрелите години. Не е случајно што хероини како Силви од серијата „Емили во Париз“ или актерки како Изабел Ипер зрачат со сексапил и по педесеттата. Нивниот шарм не доаѓа од физичка совршеност, туку од искуство, сензуалност и целосно прифаќање на сопственото тело.

Во Париз, купување сексуални помагала како вибратори не е нешто срамно. Секс шоповите изгледаат како парфимери – светли, естетски, ориентирани кон женското задоволство. Кампањи за сексуалното здравје се емитуваат на јавна телевизија, а за секс се пишува во секое списание за животен стил. Затоа што во Франција, уживањето не е привилегија – тоа е право.

Лекција од Париз

Французите не се раѓаат како најдобри љубовници. Тие го учеле тоа. Учеле да слушаат. Да зборуваат. Да не чувствуваат срам поради желбата. И тоа можеби е најважната лекција што може да ја научат жени (и мажи) ширум светот.

Затоа, следниот пат кога ќе помислите на задоволство, сетете се на Париз. Не поради Ајфеловата кула – туку поради жените кои знаат да уживаат без вина и ограничувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…