Како се справувате со замор во текот на денот?
Кога ќе почувствувате замор, најчестиот начин за справување со него е: пиете кафе за да се расоните и да добиете енергија, па по некое време го повторувате истото. Но ако сте решиле да го намалите внесот на кофеин (можеби сте почнале да чувствувате зависност), постои многу поздрав и поефикасен начин да ја надминете оваа попладневна криза.
Што треба да направите? Масирајте ги ушите.
Можеби звучи необично, но станува збор за многу честа (и вековна) практика во традиционалната кинеска медицина. Кога ќе почувствувате поспаност и недостаток на енергија по ручекот, почнете нежно да го масирате горниот дел на ушите со палецот и показалецот. Ако е потребно, повторете го постапката.
Зошто ова делува?
Објаснување според источната медицина: со оваа техника се стимулира протокот на енергија низ меридијаните, што се енергетски канали во телото.
Објаснување според западната медицина: масирањето на ушите ги активира рефлексните центри во мозокот, бидејќи ушите се преполни со нервни завршетоци.
Дефинитивно вреди да се проба. Ако не ви помогне да се расоните и да се почувствувате посвежо, барем ќе уживате во пријатното чувство што го создава масажата!