Home Живот и здравје Знаете ли што е амарант и кои се придобивките од него?

Знаете ли што е амарант и кои се придобивките од него?

Според студијата напревена во 2008 година одредени состојки во амарантот помагаат при регулирањето на високиот крвен притисок, како и ублажувањето на запаленијата во организмот кои обично ги следат хронични заболувања како дијабетис и срцеви болести.

Исто така, руските научници уште во 1996 година утврдиле дека амарантот е прекрасна намирница која треба секојдневно да се корсти како дел од исхраната, особено кај лица кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, бидејќи делува на намалувањето на холестеролот и триглицеридите.

Амарант е билка кој не спаѓа во житните култури, но ги има нивните својства и се користи на сличен начин.

Семето на амарант не содржи глутен, може да се додава во чорба, со него да се готват јадења и салати, како и да се прави брашно. Во 100 грама зготвен амарант има само 102 калории, четири грама протеин и два грама влакна.

Амарант е исклучително богат со минерали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …