Home Вебкафе Златна комбинација од iPhone XS Max и Apple часовник – најглупав начин да „спискате“ 21.050 долари

Златна комбинација од iPhone XS Max и Apple часовник – најглупав начин да „спискате“ 21.050 долари

Caviar, руската компанија која го произведе златниот iPhone „Владимир Путин“, лансираше нова „кич-комбинација“ опточена со злато наречена Swiss Dreams Watchphone.

Тоа е iPhone XS Max, опточен со злато и декориран со мапа од светот и, поради некоја причина, на него има прикачено позлатен Apple Watch Series 4, кој не е возможно да се носи засебно, само како часовник.

Веројатно нема некој здраворазумен човек на планетава кој на двата гаџети, достапни за вкупна сума од 1.000 и нешто долари, ќе списка дополнителни 20.000 долари за да ги поседува и двата споени во една, нераздвојна позлатена „комбинировка“.

Ако во случај некој е доволно луд за таква „финансиска екскурзија“, а има и нешто вишок кеш, може да си го дозволи овој Swiss Dreams Watchphone со надоградена 512 GB верзија која чини 21.730 долари. Нормално, ако порачате имате Free Shipping.

Еве го и инспиративното промотивно видео.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Памела Андерсон го донесе пролетниот дух на црвениот тепих на Берлинале

Памела Андерсон го донесе пролетто на црвениот тепих на Берлинскиот филмски фестивал По ме…