Home Вебкафе Жителите на кинеското село Ксилиншуи направија гигантски QR код од 130.000 стебла

Жителите на кинеското село Ксилиншуи направија гигантски QR код од 130.000 стебла

Жителите од малото кинеско село Ксилиншуи засадија 130.000 стебла со цел да формираат гигатнски QR код и на тој начин да привлекуваат туристи во својата заедница.

Тие садеа локален вид на смрека чија висина достигнува од 80 см до 2,5 метри. Не е познато колку треба да бидете високо над стеблата за да можете да го скенирате овој QR код, а мештаните од селото велат дека е така дизајниран да може да го скенираат луѓето на пат за Пекинг.

Посетителите кои успешно ќе го скенираат кодот ќе бидат поврзано со туристичкиот профил од селото на кинеската социјална мрежа WeChat.

QR кодовите сè повеќе се популаризираат во Кина. Кинезите сè повеќе ги користат во секојдневниот живот, најмногу за брзо плаќање.

Селото Ксилиншуи во 2015 година беше прогласено за најубаво село во кинеската област Хебеи и доби 168.000 долари за развој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…