Home Актуелно Жежок петок

Жежок петок

Времето во Македонија и денеска, петок, 22. јули, ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 39 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид 35, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 34, Кавадарци 40, Дојран 41.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 30 до 41 степен, а УВ индексот ќе биде 9.

Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност и услови за изолирана појава на нестабилност со засилен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…