Актуелно

Жешка среда

Денес, среда, 29 јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 23 степени, а дневната од 28 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 18 степени, а дневна до 38 степени. Маврово 28, Охрид 31, Битола 35, Крива Паланка 33, Берово 30, Кавадарци 38, Дојран 39.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

To Top