Home Живот и здравје Жени откриваат што прво направиле по конечното разведување

Жени откриваат што прво направиле по конечното разведување

Некои разводи се спогодбени и завршуваат мирно, додека од друга страна има парови на кои малку им фали да ја преминат границата на разумноста…

Постојат многу филмови, серии и раскажани приказни кои покажуваат како завршуваат разводите, но како е тоа навистина? Што им паѓа на ум на жените кога конечно сѐ ќе се заврши и официјално веќе не се во брак со човекот за кој мислеле дека ќе им биде единствениот до крајот на животот? Дознајте во текстот подолу…

“Кога сѐ заврши, најдобрата другарка и јас отидовме на долга прошетка. Успат застанавме на мостот од кој ја фрлив целата документација за бракот. Потоа се вративме дома, се преоблековме и излеговме на забава.” – Тамара, 42

“Се зачленив во теретана и го доведов моето тело во неверојатна форма. Никогаш немав проблеми со килограмите, но за мојот бивш секогаш бев недоволно добра. Сега изградив самодоверба, но и мускули!” – Ксенија, 30

“Отидов до реката и го фрлив прстенот во неа.” – Тијана, 28

“Продупчив перка и спиев со еден од неговите пријатели.” – Лорена, 30

“Си го вратив девојачкото презиме.” – Катарина, 40

“Кога завршивме со разводот, мојот бивш маж и јас се допишувавме и си испраќавме љубовни пораки за да го обележиме денот. Не беше пријатно, но знаевме дека тоа е вистинската работа. Тој дури плати за мене и за мојата пријателка хотелска соба истата вечер.” – Милица, 42

“Се запишав на часови за боречки вештини, неверојатно многу зајакнав и се борев во неколку ММА борби.” – Кристина, 27

“Бев заробена во лош брак 23 години и на моето лице јасно се гледаше незадоволството. Штом се разведов, отидов на фејс-лифтинг за да се улепшам и да продолжам со новиот живот. Сега сум многу среќна.” – Доротеа, 52

“Скокав од авион. Иако се плашам од височина, тој скок ми означи нов почеток, но и ми помогна да заборавам низ што сѐ поминав.” – Јована, 32

“Мојот бивш и јас отидовме на заеднички појадок. Иако бевме во шок, чувствувавме олеснение бидејќи сѐ беше готово. И бевме гладни. И денес се дружиме одвреме-навреме.” – Катарина, 43

“Купив нов автомобил!” – Јелена, 40

“Отидов на кафе и се сеќавав на добрите и лошите работи што беа во нашиот брак. Се чувствував неверојатно силно.” – Сузана, 35

“Конечно направив нешто без ничија дозвола – излегов со другарките во друг град. Иако е мала работа, се чувствував неверојатно слободно.” – Јелена, 35

“Плачев. Кога заврши разводот, сѐ станa некако реално: толку многу изгубени соништа и скршени ветувања. Се чувствував како да сум станала уште една статистика. Но, понекогаш е добар плачот токму тоа што е потребно за да ја подигнеш главата и да продолжиш понатаму.” – Хелена, 35

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Не само за мускули: зошто протеините се клучни за здравјето на мозокот и менталната рамнотежа

“`html НЕ САМО ЗА МУСКУЛИ: ЗОШТО СЕ ПРОТЕИНИТЕ КЛУЧНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МОЗОКОТ И МЕНТ…