Home Вебкафе Зетот и невестата се скарале и разделиле пред свадбата – сватовите лумпувале без нив

Зетот и невестата се скарале и разделиле пред свадбата – сватовите лумпувале без нив

Младенци од реонот на косовскиот град Призрен се разделиле пред самиот почеток на свадбената прослава во еден угостителски објект, но тоа сепак не ги спречило сватовите да продолжат со веселбата.

„Една свадба во регионот на косовскиот град Призрен, заврши речиси не почната. Млада брачна двојка се раздели на самиот ден на свадбата, во мигот пред да влезат во салата за прослави, која беше преполна со гости во очекување на младенците“, објави порталот Албеу.

Според истиот извор, гостите ги очекувале младенците да влезат во салата, кога пејачот ги известил дека тие се разделиле, но и веднаш ги прашал сватовите дали сакаат да проджат со веселбата или не.

„Почитувани гости, младенците се разелија, но вие сакате да продолжиме ли не?“, прашал пејачот.

На ова, според порталот, сватовите гласно извикале: „Даааа!“.

„Вакви нешта се случуваат, а ние ќе продолжиме да се забавуваме“, изјавил еден од сватовите и продолжил со орото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…