Земјоделците ќе можат да работат и додека трае на забраната за движење


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оние земјоделци што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото или местото каде што живеат, ќе можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење и покрај новата уредба со која полицискиот час од среда ќе почнува од 16:00 часот, наместо од 21:00 како што е сега, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Земјоделците, пак, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење“, појаснуваат од МЗШВ.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, посочуваат, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. Досега, нагласуваат, издадени се 3.491 дозвола за движење на земјоделци заради извршување на работните обврски.

Од МЗШВ ги повикуваат земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел, како што велат, заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.