Home Актуелно Зеленски тврди дека руските воени сили спремаат голема инвазија во Донбас

Зеленски тврди дека руските воени сили спремаат голема инвазија во Донбас

Украинските воени сили се подготвуваат за одбрана од нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во неговото синоќешно видео обраќање се осврна и на движењата на руските трупи од Киев и од Чернихив, тврдејќи дека тоа не е повлекување, туку „последица на сработеното од нашите бранители“.

Зеленски истакна дека е забележана акумулација на руски сили, насочени кон нови напади врз Донбас.

Русија неодамна најави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и на Чернихив“ и дека ќе се фокусира само на Донбас.

Зеленски информираше и дека мировните преговори меѓу Украина и Русија продолжуваат, „но, засега, има само зборови, ништо конкретно“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…