Home Живот и здравје Здрави хормони = подобра ти! 5 навики што секоја жена по 40 треба да ги знае

Здрави хормони = подобра ти! 5 навики што секоја жена по 40 треба да ги знае

ЗДРАВИ ХОРМОНИ = ПОДОБРА ТИ! 5 НАВИКИ КОИ СЕКОЈА ЖЕНА ПОСЛЕ 40 ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ

Четириесеттите се вистински период на промени – телото почнува да праќа сигнали, хормоните се менуваат, а тоа се одразува врз сонот, расположението, метаболизмот и нивото на енергија.

Но, без паника – ова не значи дека нешто не е во ред. Напротив, тоа е можност за воведување на паметни, едноставни навики што можат да имаат големо влијание.

1. ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ПРОТЕИНИ, ОСОБЕНО НАУТРО

Протеините се вистински јунаци – го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, ја чуваат мускулната маса и го подобруваат расположението. Идеално е во првиот час откако ќе се разбудите да внесете 30–40 грама протеини – преку јајца, грчки јогурт, овесна каша со додаден протеин или смути. Резултат? Помала нервоза, подобра контрола на кортизолот и чувство на ситост кој трае до ручек.

2. ФОКУС НА ТРЕНИНГ ЗА СИЛА 2–4 ПАТИ НЕДЕЛНО

Мускулите не се тука само за да изгледаме добро – тие се вистински сојузници на хормоните. Вежбањето со тегови:

  • го подобрува одговорот на инсулинот,
  • го балансира нивото на естроген,
  • го поддржува метаболизмот додека прогестеронот опаѓа.

Кардио-вежбите се одлични, но токму мускулите се „лек“ за хормоните – немојте да ги прескокнувате!

3. ТРЕТИРАЈТЕ ГО СОНОТ КАКО СЕКОЈДНЕВНА ТЕРАПИЈА

Прогестеронот, хормон кој помага за длабок сон, природно опаѓа по четириесеттата. Последиците? Потешкотии со заспивање, зголемен кортизол, желби за шеќер и воспалителни процеси. Затоа заштитете ги тие 7 до 9 часа сон како да се лек – бидејќи навистина се!

4. ВНИМАТЕЛНО СО ЕКСТРЕМНИОТ ПОСТ

Интензивниот пост може да го зголеми кортизолот, а да го намали прогестеронот – особено ако внесот на храна е недоволен. Наместо тоа, обидете се со полесен 12-часовен пост преку ноќ и фокусирајте се на квалитетни, хранливи оброци наместо на строги ограничувања.

5. НЕ ГИ ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЗДРАВИТЕ МАСТИ

Холестеролот е основна градивна компонента за хормоните, па диети со премал внес на масти може да го нарушат хормоналниот баланс. Во исхраната додадете: авокадо, маслиново масло, јајца, мали риби богати со омега-3 масни киселини, јаткасти плодови и семки. Вашите хормони ќе бидат благодарни, а енергијата и расположението стабилни.

Четириесеттите носат природни биолошки промени. Наместо ригидна контрола, изберете паметни навики – повеќе протеини, тренинг за сила, квалитетен сон, здрави масти и умерен пост. Со тоа ќе ги заштитите хормоните, ќе ја зачувате енергијата, рамнотежата и виталноста – и ќе се чувствувате одлично уште многу години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…