Home Шоубизнис Ѝ збоктиса да работи како затворска чуварка, па стана еротска и стриптиз ѕвезда

Ѝ збоктиса да работи како затворска чуварка, па стана еротска и стриптиз ѕвезда

Изабел Делтор била задоволна со својата работа како затворска чуварка, но чувствувала дека не е во целост среќна со таа своја служба.

Не сакала веќе да гледа насилство, да трпи канцелариски политики, а најмногу ја нервирал начинот на кој ја гледале затворениците. Поради сето тоа, одлучила дека е време да сврти нов лист во животот.

„Постојано ме објективизираа, па си реков зошто да не заработам нешто од тоа“, вели Изабел за News.com.au.

Почнала да се занимава со стриптиз и веднаш се вљубила во таа работа. Сфатила дека во една вечер може да заработи колку што заработуваше за две недеи на старото работно место. Повеќе не се вратила на затворската служба, а откако ја напуштила, жешката Австралијка се појавила на неколку насловни страни од списанија за возрасни, издаде свој разголен календар и иницираше веб страна со содржина за возрасни.

Два пати е прогласена за Miss Nude на светот. „Среќна сум и имам повеќе самодоверба“, тврди таа, додавајќи дека искуството од затворската служба го искористила и во своето ново занимање за полесно да се справува со напорни муштерии.

На своите настапи често гледа и некои бивши затвореници кои ги чувала во затворот, а вели дека ја забавува когаќе сфати дека тие се обидуваат да се сетат од каде им е позната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…