Имате чувство дека косата ви се мрси побрзо отколку што успевате да изговорите „сув шампон“?
Не грижете се, не сте сами – мрсната коса е еден од најчестите козметички проблеми, особено во постудените месеци, кога капите и волнените беретки создаваат вистинско „спа искуство“ за скалпот.
Вистина е дека малку природна маснотија е корисна – тоа е начинот на кој косата природно се заштитува од сушење и кршење. Но кога тоа преминува во несакан сјај што веќе петти ден по ред не изгледа како стилизиран „влажен изглед“, време е да преземете контрола. Заборавете на агресивни шампони што ветуваат чуда, а предизвикуваат вистински хаос на коренот. Наместо тоа, направете домашна маска со лимон и арганово масло – едноставна, мирисна и навистина ефикасна.
Потребни ви се само сок од два лимуна, едно жолчке и една лажица арганово масло. Измешајте ги во мала чинија и нежно втрете ја смесата во скалпот, како да си правите мини спа третман. Оставете ја маската да делува околу дваесет минути (идеално време за неколку reels или едно кафе), па исплакнете ја со млака вода и нежен шампон.
Резултатот? Освежен изглед, волумен и сјај без чувство на тежок и залепен корен. Само внимавајте – оваа маска е навистина силна, па не ја користете премногу често. Премногу лимон може да го исуши темето и да предизвика лупење, а тоа сигурно не е тренд што сакаме да се врати во мода.
Накратко: лимонот е новиот сув шампон – само поприроден и многу попријатен за сетилата.